Се е подготвено за големата пресметка меѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер во полуфиналето на Вимблдон, нова пресметка меѓу најдобриот светски тенисер на сите времиња и Италијанецот Јаник Синер, кој моментно е прворангиран на АТП-листата.
Синер го совлада Ѓоковиќ на претходните два гранслем турнири годинава, на Австралија Опен и на Ролан Гарос, но екс-тренерот на Србинот, Горан Иванишевиќ, е убеден дека Новак ќе успее да триумфира на денешниот дуел.
„Новак ќе победи, сигурен сум во тоа… Имаат одиграно два меча на Вимблдон и Новак нема загубено од Синер овде. Да, знам дека загуби во Мелбурн и во Париз, но за мене Новак е голем фаворит, колку и да звучи сентментално. Тој е најдобриот играч на трева, Алкараз го победи лани, но да не заборавиме дека Ѓоковиќ тогаш само што се врати од повреда на коленото и пак го победи Синер и стигна до финалето. Сите говорат дека ова му е последна шанса за уште еден трофеј на Вимблдон, но јас не верувам во тоа, мислам дека ќе биде овде и наредната година. Ѓоковиќ е најдобар тенисер на трева, има квалитет, но и искуство да изреагира на вистински начин во секоја ситуација. Во секој случај, ќе биде многу интересно“, истакна Иванишевиќ.
Прв меч на денешната програма на Вимблдон е дуелот меѓу Фриц и Алкараз (14.30 часот), а по завршувањето на тој дуел на Централниот терен ќе се појават Ѓоковиќ и Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

