Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Токио

Најдобриот тенисер во светот, лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ ќе настапува на турнирот во Токио. Одлуката ја соопшти вчера доцна навечер. Тој последниот меч го одигра во осминафиналето на УС Опен кога мораше да предаде поради повреда на грбот.

Србинот информира дека се чувствува подобро и дека ќе се обиде да дојде до титулата на турнирот кој никогаш претходно го нема освоено. На турнирот во главниот јапонски град, Ѓоковиќ ќе биде прв носител.

Турнирот во Токио е од серијата 500, ќе биде одржан од 30. септември до 6. октомври и има награден фонд од 1, 5 милион евра.

 

Се вчитува...