Продолжува сагата околу тоа дали првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија опен. Откако вчера информираше дека добил дозвола како медицински исклучок да отпатува во Австралија, денеска по слетувањето на аеродромот во Мелбурн не му беше дозволено да влезе во земјата.
Тој остана на аеродром поради погрешни документи, односно грешна виза. Иако од тимот на Србинот рекле дека ќе ги достават потребните документи, сепак тој се уште нема да може да влезе во земјата.
Австралиските медиуми пишуваат дека Ѓоковиќ најверојатно ќе заврши во имиграционен притвор додека не се донесе конечна одлука за тоа дали ќе му биде дозволен влез во државата или ќе биде испратен дома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

