Ѓоковиќ лесно против Гофан, за прво финале во Токио

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на АТП 500 турнирот во Токио, откако во полуфиналето денеска беше подобар од Белгиецот, Давид Гофан со 2-0 (6-3 и 6-4).

Србинот без поголеми проблеми се пласираше во првото финале во јапонскиот град за час и пол, а по еден брејк беше доволен за добивање на двата сета.

Во финалето тој ќе се сретне со Џон Милман од Австралија кој денеска беше подобар од Рејли Опелка со 2-0 (6-3 и 7-6).

 

Се вчитува...