Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласираше во осминафиналето на последниот грен-слем турнир во сезоната УС опен.
Србинот во третото коло за нешто повеќе од два часа игра со максимални 3-0 по сетови (6-3, 6-4 и 6-2) го совлада домашниот тенисер Денис Кудла. Навивачите пред мечот најмногу ги загрижуваше проблемот со рамото кој го имаше Ѓоковиќ во претходните мечеви, но на теренот тој изгледаше беспрекорно.
Во осминафиналето не очекува тениски „класик“, каде Ѓоковиќ ќе се сретне со Швајцарецот Стен Вавринка, кој беше подобар од италијанскиот ветеран Лоренци со 3-0 (6-4, 7-6 и 7-6). Тоа ќе биде нивни 25 меч. Досега Србинот има 19 победи, но последен пат се сретнаа токму на Флешинг Мидоус, каде во финалето подобар беше Вавринка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА