Ѓоковиќ „лудуваше“ во Париз до два часот наутро, друштво му праваше и кошаркар од САД (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ стигна до долгопосакуваниот златен медал на Летните олимписки игри во Париз откако славеше над најголемиот ривал на денешницата, Карлос Алкараз со 2-0 и тоа по два тај-брејка покажувајќи смиреност во моментите кога тоа е најбитно.

По финалниот поен емоциите го превладаа Србинот, а по прославата на трбините со своето семејство и во олимпиското село со останатите српски спортисти следеше и послава во неговиот омилен ресторан во главниот град на Франција, „Сиена“ до доцна во ноќта.

Со српското знаме во рака и во друштво на неговиот брат Марк, пријателот Јанко Типсаревиќ, глумецот Дамсон Идрис и американскиот кошаркар Џејсон Тејтум. Како изгледаше прославата на Ѓоковиќ низ ексклузивни фотографии може да видите ТУКА.

Се вчитува...