Ѓоковиќ лут: „Реагирам само кога ќе се мине границата, не сакаше ниту да ме погледне“

Новак Ѓоковиќ во четири сета го победи домашниот тенисер Џејкоб Фирнли на Вимблдон, во меч во кој против себе постојано ја имаше и англиската публика која очекувано беше на страна на Британецот.

По освоениот сет на Фирнли, Ѓоковиќ побара еден навивач да се отстрани од трибините на „Централниот терен“. Камерите не снимија што точно се случи, па Новак објасни по мечот за навредите од трибината.

По крајот на мечот Ѓоковиќ и се упати кон тој дел од трибината, но…

„Не сакаше ниту да ме погледне кога му се обраќав, гледаше во телефон. Мене на секој натпревар ми се случуваат работи кои се непожелни. Во 95% од случаите јас тоа го толерирам, затоа што донекаде разбирам. Луѓето се тука, платиле билети, страствени се, сакаат да победи нивниот миленик… Тоа е работа на личен избор и нивно право. Но, кога некој ќе ја мине границата на спортско однесување – јас реагирам. Таков сум цел живот и ќе бидам до крај на кариерта. Нема да дозволам никој да ме провоцира, понижува и омаловажува. Секого ќе го погледнам во очи и мирно ќе спијам“ – истакна Ѓоковиќ

Српскиот тенисер секогаш се обидува ваквите ситуации секогаш да ги „искулира“.

„А, кога ќе се спротиставам некому, интересно е како огромното мнозинство од нив само ја спуштаат главата. Секој е храбар кога не е вниманието на него, а кога фокусот ќе се насочи кон нив ги снемува“ – вели Ѓоковиќ.

Се вчитува...