Ѓоковиќ: „Ма, каква лоша среќа… Годините се во прашање, телото е истрошено!“

Новак Ѓоковиќ загуби од Италијанецот Јаник Синер со 3-6, 3-6 и 4-6 во полуфиналето на Вимблдон.

Новак влезе во натпреварот повреден, а по крајот на вториот сет, мораше да добие медицинска помош поради проблем со левата нога.

„Имав многу проблеми. Немав пријатно чувство на теренот. Не сакам да зборувам детално за повредата и да се жалам дека не можам да играм како што знам. Само сакам да му честитам на Јаник за неговата игра. Тој е во финалето, беше премногу добар. Разочаран сум што не можев да се движам колку што би сакал“ – рече Ѓоковиќ во воведниот говор на прес-конференцијата и дополни:

„Не мислам дека е лоша среќа, туку едноставно возраст. Годините се во прашање. Телото е истрошено… Без разлика колку се грижам за него, тоа е реалност, во последните година и пол го чувствувам тоа како никогаш досега. Тешко ми е да го прифатам тоа, бидејќи мислам дека кога сум здрав, сè уште можам да играм навистина добар тенис. Го докажав тоа оваа година, но мислам дека играњето натпревари со три освоени сета оваа година е навистина проблем за мене, физички. Колку подолго трае турнирот, толку е полоша мојата ситуација. Успевам да стигнам до финалните мечеви, доаѓам до полуфиналето на грендслем турнирите, а потоа стигнувам до Синер или Алкараз… Тие се поподготвени, млади, остри. И влегувам во тие натпревари со тежина и невозможно е да се победи таков натпревар. Така е. Тоа е едно од оние нешта што морам да ги прифатам и да се справам со реалноста на ситуацијата и да го извлечам најдоброто од неа“ – додаде Новак.

И покрај несреќниот сплет на околности, тој нема намера да се откаже.

„Не знам, во моментов само што го напуштив теренот и тешко е да се погледне сè од поголема перспектива и да се види каков е планот за следните неколку месеци, или година. Направив сè што можев, во однос на тренингот и подготовките, за да играм најдобро на грендслем турнирите. И мислам дека без оглед на тоа што не освоив слем оваа или минатата година, мислам дека играм најдобар тенис на слем турнирите. Најмногу ми е грижа за тие турнири во овој момент од мојата кариера. Значи, да… Морам да разгледам сè со тимот и семејството и да видам што сакам да правам со мојот распоред, каде што можам да бидам на својот врв… Сепак, не знам што можам да направам подобро. Часовите што ги поминувам грижејќи се за моето тело… Би го предизвикал целиот Тур за да видам дали некој се грижи повеќе за своето тело отколку јас! За жал, повредите ме погодуваат, сега не сум награден за тоа, но сум награден за тоа многу години. Сега ми се чини како несреќа, но Бог и животот ми донесоа толку многу во животот, што би било грубо од моја страна кон Бога, моето тело и сè што ми се случи во кариерата, сега да почнам да се жалам на повредите. Толку долго сум здрав. Сега морам да го искористам максимално она што ми остана. Да, сега сум разочаран и лут, најмногу не поради поразот, бидејќи дури и да бев здрав не бев фаворит против Синер, го знам тоа, но мислам дека имав добри шанси ако бев здрав. Тој физички аспект ме мачи. Тука си, сакаш да играш, одлучен си, но твоето тело не сака да слуша и тоа е тоа“, е оптимист Ѓоковиќ во врска со своите планови.

Тој вели дека воопшто н планирал да не излезе на Централниот терен или да се предаде на Синер поради повредата.

„Вчера не можев да тренирам, денес успеав да тренирам, да се загреам и чувството беше добро. Добро, со оглед на тоа што вчера не тренирав и што се случи во последниот натпревар. Имаше неизвесност за тоа како ќе се однесува мојата нога денеска, но загревањето помина добро. Во смисла дека играв од позиција, не трчав премногу, но штом го започнавме натпреварот, на средината од првиот сет, имаше некои подинамични движења на страната од форхендот каде што морав да се потпирам на левата нога и тогаш почувствував влошување. Првите 6-7 гема беа во ред, но по тие неколку ситуации во тој еден гем, повеќе не. Не се грижам дека ова ќе ме однесе надвор од теренот предолго. Верувам дека до Отвореното првенство на САД ќе можам да се натерам да бидам на оптимално ниво за игра. Тоа е тоа“ – рече Новак.

Се вчитува...