Ѓоковиќ: Ми го вртеа грбот зошто сум Србин… тоа ме направи поиздржлив и погорд

Новак Ѓоковиќ во пресрет полуфиналниот меч против Јаник Синер во Ријад говореше за медиумите каде доби интересно прашање дали е дискриминиран поради потеклото.

Српскиот тенисер откри дека имал такви ситуации, но истите го направиле поиздржлив и повеќе горд за тоа од каде доаѓа.

„Се случуваше, кога патував како тинејџер. Луѓето ми го вртеа грбот кога ќе видат каков пасош имам. Морав да најдам начин да го надминам тоа, но не чувствувам омраза спрема тие луѓе. Напротив, многу сум благодарам што тој однос ми помогна да бидам поиздржлив и повеќе да се гордеам за тоа од каде сум и кој сум“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...