Новак Ѓоковиќ е топ тема во пресрет последниот грен-слем турнир на сезоната, УС Опен. Српскиот тенисер за новинарите говореше на повеќе теми, а една од нив беа и младите тенисери.
Како што вели најдобриот тенисер во историјата, нивната желба да го поразат го буди најдоброто во него.
„Младите тенисери се амбициозни и одлучни да играат најдобро против мене. Тоа ми дава екстра мотивација, тоа го вади ѕверот од мене. На пример многу ме болеше поразот од Алкараз во финалето на Вимблдон во 2023 година. Мислам дека тој е најкомплетниот тенисер кога станува збор за младите тенисери. Тој пораз многу ме налути, но и ми помогна да најдам енергија да ги освојам Синсинати и УС Опен. Затоа за мене такви ривали се фантастична можност да продолжам да се мотивирам и трудам секој ден“, открива Србинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

