Ѓоковиќ: Мојата цел е да бидам пример за другите, да ги инспирирам

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот очекувано е и идол на новата генерација на тенисери. За Србинот неодамна позитивно говореа Руне, Циципас, Медведев, Зверев… па и тој возврати за нив велејќи дека секогаш е тука кога им е потребна помош.

Ѓоковиќ вели дека сака да остави наследство во тенисот, но и да инспирира за добар начин на однесување, начин на живот…

„Сите тие се тенисери кои се на врвот. Саша поготово, Меншик се пробива. Знаеме дека тренирав со нив, дека одредено време им бев ментор. И тие тоа го знаат. И не само пред вас во јавноста, постојано им се нудам и во соблекувална, и на нивниот тим. Било кога нешто да им затреба јас сум тука“, изјави Ѓоковиќ кој не штеди совети, но знае каде е границата.

„Друго е кога се уште си активен играч. Не можам да делам најголеми интими, начинот на размислување бидејќи сме ривали. Се трудам да им бидам достапен, да помогнам кога може. Мило ми е што ме споменуваат во позитивен контекст. Пријатно е. Оддамна имам кажано, мојата цел е да ги инспирираме другите, не само со игрите и титулите, туку со однесувањето, односот, начинот на живот. Ако искористат нешто од тоа ќе ми го исполнат срцето“

Се вчитува...