Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е во Шангај каде ќе настапи на Атп мастерс 1000 турнирот.
По раната елиминација од Попирин на УС опен, четвртиот тенисер во светот по пауза од скоро месец и половина се враќа на терените. Пред неговиот прв настап во кинескиот град тој вели дека негова цел тука е освојување на 100 титула во кариерата.
„Среќен сум што по долго време се вратив во Кина. Уживам кога играм во оваа земја. Моја цел годинава на турнирот е да ја освојам 100 титула во кариерата“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА