Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ успешно ја прескокна првата пречка на Синсинати мастерсот во Њујорк, откако во второто коло беше поуспешен од Литванецот Беранкис со 2-0 по сетови 7-6 и 6-4. На турнирот кој поради пандемијата од коронавирусот се игра на терените на УС опен ги нема најголемите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер, но и покрај нивното отсуство Србинот вели дека неговиот пристап не е ништо поразличен од тоа доколку двајцата се дел од турнирот.
„Роџер и Рафа не се тука, но тоа не го менува мојот пристап кон турнирот. Сакам да остварам добар резултат. Полемиките околу тоа кој е најдобар на сите времиња ќе се водат вечно. Јас сум во Њујорк и максимално се подготвувам за УС опен“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

