„Ѓоковиќ може да освои девет или десет титули на Вимблдон“

Новак Ѓоковиќ откако ја освои рекордната 23. грен-слем титула тргна по рекордот од осум освоени титули на Роџер Федерер на Вимблдон. Српскиот тенисер ја мина првата пречка, а и ждрепката беше на негова страна па има и лесен пат до финалето.

Поранешниот тенисер Матс Виландер верува дека Србинот нема да запре на рекордот на Федерер, туку може да стигне и до деветата или десетата титула на турнирот на Велика Британија.

„Нема да ме изненади доколку Новак во Лондон освои девет или десет титули. Мислам дека тој ќе биде фаворит тука во следните четири или пет години. Затоа на Федерер ќе му биде добро да ужива во рекордот додека може бидејќи доколку Новак не успее оваа година сигурно ќе го мине во следните. Тој тоа го посакува и не го крие тоа“, вели Швеѓанецот.

Се вчитува...