Ѓоковиќ му предаде на Фриц во мечот за 3. место во Ријад

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ го освои четвртото место на турнирот „Шест кралеви“ во Ријад.

Во „АНБ Арена“ во Ријад, Ѓоковиќ играше против Американецот Тејлор Фриц, но по одличниот прв сет, реши да го предаде мечот, очигледно поради физички ограничувања, иако изгледаше многу добро во 76-те минути поминати на теренот.

Фриц кој е моментално четврти играч во светот, го доби првиот сет со 7-6 (4), и покрај тоа што се изгледаше добро за Новак Ѓоковиќ, конечната одлука беше да се предаде мечот. Во финалето нешто подоцна вечерва ќе се сретнат Карлос Алкараз и Јаник Синер.

Се вчитува...