Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето од мастерсот во Монте Карло откако славеше против италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети со 2-0.
Рекетот број еден првиот сет го доби со 7-5, а во вториот славеше со 6-3, реванширајќи му се на помладиот Италијанец за елиминацијата на истото место и во истата фаза претходната година.
Во осминафиналето Србинот за противник ќе го има Алекс Де Минуар кој пак претходно славеше со 2-0 (6-3, 6-4) против сонародникот Алексеи Попирин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

