Новак Ѓоковиќ го обезбеди своето место во осминафиналето на последниот Грендслем во сезоната – УС Опен.
Во натпреварот од третото коло, Ѓоковиќ го победи Камерон Нори по четири сета, со 6-4, 6-7, 6-2 и 6-3, и со тоа ја забележа својата седма победа од исто толку дуели против Британецот.
По натпреварот, говореше за состојбата на своето тело по трите одиграни натпревари во Њујорк, како и за тоа како паузата од Вимблдон влијаеше врз него.
Се мачеше Новак со повредата, но успеа да го надмина Федерер по бројот на победи остварени на тврда подлога. Двајцата беа изедначени на првото место со по 191 победа, а Новак сега има уште една.
Тоа беше неговата 395-та победа вкупно на еден од четирите најголеми турнири, што е исто така рекорд.
Со пласманот во осминафиналето, тој стана и најстариот што го сторил тоа во Њујорк од 1991 година и Џими Конорс.
Против Нори, тој сервираше 18 аса, што е негов рекорд на последниот Грендслем во сезоната.
Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Јан-Ленард Штроф, кој претходно го елиминираше Франсис Тиафо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

