Трикратниот грanд-слем шампион и двократен олимписки победник Енди Мареј не планира да патува со Новак Ѓоковиќ на турнирот во Бризбејн, каде Србинот ќе ја започне новата сезона.
Организаторите во вторникот потврдија дека Ѓоковиќ ќе биде првата ѕвезда на исклучително силниот турнир од серијата 250, што ќе биде и генерален тест за играчите пред Австралија опен.
Договорот меѓу Ѓоковиќ и Мареј е постигнат пред да се направи стратегијата за следната сезона, со фокус пред се на подготвителниот период, а потоа и на Австралија опен, каде Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои својата 11. титула во сингл.
По завршувањето на првиот гранд-слем во сезоната, а во зависност од натпреварувачкиот распоред на Новак, двете страни ќе договорат евентуално продолжување на соработката во текот на годината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА