После повеќе од петчасовниот спектакл во првото полуфинале на Австралија Опен, одличен меч одиграа и Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, кој беше решен во пет сета и на крај победа на Србинот со 3-2, за 11-то финале во Мелбурн.
По мечот тој беше без зборови и беше на работа да заплаче.
„Да бидам искрен, немам зборови. О, Боже! Нереално чувство. Беше како во 2012 година кога играв во финалето. Интензитетот и нивото на тенисот беа многу високи, знаев дека ова е мојата шанса. Ме победи пет пати по ред, а сега морав тоа да го променам. Шегата настрана, тој е неверојатен играч кој го турка противникот до крајни граници. Му се заблагодарив на мрежа што ми дозволи да го добијам. Ви благодарам за вашата поддршка! Ова можеби е најдобрата ноќ и најголемата поддршка што некогаш сум ја имал во Австралија“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

