Легендарната, Моника Селеш наскоро ќе стане тренер на Новак Ѓоковиќ. Тоа е најновата вест која предизвика лавина од реакции.
Српскиот ас беше прашан пред почетокот на Отвореното првенство на САД за можноста поранешен тенисер да ја преземе функцијата тренер во неговиот бокс…
„Не можам ништо да кажам. Имавме почетни разговори со лицето кое треба да биде мој нов тренер. Повеќе е на емотивна страна, отколку што сакам нешто толку долгорочно. Повеќе е нешто што би ми значело многу. Мислам дека е јасно за кого станува збор, но ајде, нема да го кажам името гласно, па затоа не го правам тоа прерано, ако некогаш дојде до тоа. Имавме интересни разговори“, изјави Ѓоковиќ.
Иако Србинот не го откри името, светските медиумите веќе на големо пишуваат дека се работи за поранешната гранд-слем шампионка Моника Селеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

