Ѓоковиќ најави брзо враќање на тениските терени

Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, објави дека е се поблиску до враќањето на тениските терени. Тој по шестмесечната пауза поради повреда на лакотот, учествуваше на Австралија Опен, каде што не брилјираше, а потоа мора да замине и на мала операција на клиника во Швајцарија, за конечно да ја санира повредата.

Ѓоковиќ на Инстаграм постави фотографија на која пишува „Во животот се е лекција“, истакнувајќи дека е се поблиску до враќање на тенискиот терен.

Србинот би можел да се врати на турнирот во Индијан Велс, кој е на програмата од 8. до 18.март.

 

Се вчитува...