Ѓоковиќ: Најдобар сум во непријателска атмосфера

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ зад кој е една од најуспешните години во својата карира со три грен-слем трофеи и бројни надминати рекорди во опширно интервју за „60 минути“ говореше на повеќе теми, а една од нив беше и атмосферата со која се среќава.

Најдобриот тенисер на светот често е исвиркуван од страна на публиката, но и покрај тоа што кај многумина тоа би предизвикало немир, кај Србинот има контра ефект како што вели и самиот.

„Притисокот и стресот се многу поголеми кога публиката навива против вас. Во поголемиот дел од мојата кариера беше така, но научив да бидам најдобар во непријателска атмосфера. Луѓето мислат дека за мене е и подобро кога публиката навива против мене бидејќи од тениски аспект го вади најдоброто од мене. Тоа и се случувало, но од друга страна повеќе уживам кога имам фина поддршка од публиката“, вели Ѓоковиќ.

Се вчитува...