Новак Ѓоковиќ никогаш не стравувал да го кажи она што го мисли, дури и кога знае дека тоаможе да му донесе сериозни проблеми. Впрочем, Новак е еден од ретките врвни тенисери кој се бори за правата на оние послабите на АТП листата, во бројни наврати потенцирајќи дека тие заработуваат премалку за да можат да продолжат професионално да се занимаваат со тој спорт.
За остватување на своите идеи Ѓоковиќ го основаше Синдикатот на професионални тениери (ПТПА), а Србинот сега се решава да оди и чекор напред, почнувајќи отворен конфликт со челниците на АТП.
Британски „Телеграф“ пишува дека српскиот ас веќе најмил исклучително скапи и успешни адвокати за ПТПА, со план наскоро да почне правна битка за подобрување на условите за тенисерите.
„Ангажирани се неколку глобални адвокатски фирми, идејата е целосно да се промени структурата на тенисот. Главната поента на оваа акција лежи во тоа дека просечниот тенисер работи премногу, а има премали примата за стандардите на еден така планетарно популарен спорт како што е тенисот. Се повеќе изгледа дека револуцијата ќе тргне од внатре, многу играчи јавно говореа за овој проблем. Потребите за промени сега се попотребни од било кога, АТП и ВТА календарите се пренатрупани…“, пишува Телеграф.
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас неодамна го посочи Ѓоковиќ како идеален лидер на ова движење за остварување на заедничките цели.
„Со лидери како што е Новак Ѓоковиќ приказните за промена на календарите добиваат се поголемо внимание, а тоа е она што ни е неопходно“,порача Циципас.
Еден од директорите на ПТПА, Ахмад Насар, говореше за премалиот дел од вкупната заработка што оди на сметките на играчите.
„Тенисот е втор најгледан спорт според нашите податоци, веднаш зад фудбалот, но кога се гледа заработката се наоѓа на осмото место. Четирите гранслем турнири на играчите им носат 14-16% од вкупната заработувачка. Само за споредба, кошаркарите во САД добиваат 50% од вкупните приходи… самите гледате дека разликата е огромна“, изјави Насар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА