Ѓоковиќ направи шоу во Софија (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ учествуваше на егзибициски меч во Софија каде што ги одмери силите против Григор Димитров.

Димитров го совлада Новак со 2:1 во сетови по спектаклот кој траеше околу час и 45 минути.

По натпреварот Ѓоковиќ приреди вистински спектакл во салата во Софија. Откако им се обрати на публиката, тој побара од диџејот да отсвири популарен хит.

Но, бидејќи го немаше тоа, Новак пееше заедно со публиката. Станува збор за популарниот хит на бугарската пејачка Камелија, „Луда по тебе“, која го има испеано и Лепа Брена на српски јазик. 

Се вчитува...