„Ѓоковиќ не е загрижен, го сака само тој 25-ти грандслем – и ќе успее!“

Коментаторката на „Еуроспорт“ Лаура Робсон истакнува дека Новак Ѓоковиќ воопшто не е загрижен за раната елиминација на турнирот во Доха.

Ѓоковиќ беше елиминиран уште во првото коло од Матео Беретини, а тоа беше прв меч за Новак по повредата на мускулот на Австралија Опен.

„Мислам дека не е премногу загрижен за поразот во Доха и тоа е добра работа. Мислам дека неговите цели се многу поголеми од трофеј на мал турнир на Блискиот Исток“ – вели Лаура Робсон, поранешна јуниорска шампионка на Вимблдон, и дополнува:

„Во овој момент фактот што можеше и сакаше да се натпреварува повторно толку брзо по повредата на Австралија опен е позитивен. Тој сака да го освои тој 25-ти грандслем, и ништо друго не му е важно. И мислам дека ќе успее. Не му беше лесно да му го предаде мечот на Александар Зверев во Австралија по толку добра игра и елиминацијата на Карлос Алкараз. Затоа е одличен фактот што тој толку брзо се врати на теренот“.

Се вчитува...