Катастрофалната форма на Новак Ѓоковиќ од стартот на оваа 2025 година продолжи и на Мастерс-турнирот во Мадрид, каде српскиот тенисер беше поразен на својот премиерен меч.
Ѓоковиќ за прв ривал во шпанската метропола го имаше Матео Арналди, моментно 44. тенисер на светот. Секако дека Новак важеше за фаворит во пресрет на овој дуел, но Арналди беше тенисерот што целосно доминираше на теренот, славејќи лесно со 6-3, 6-4, за продлабочување на големата криза на Новак во потрагата по јубилениот 100. трофеј во кариерата.
Циципас со пресврт стигна до победа од 2-1 во сетови над Штруф, додека Алекс де Минор рутински си ја одработе задачата во победата од 2-0 на дуелот со Сонего. Следен ривал на Де Минор ќе биде Шаповалов, кој беше подобар во својот дуел со Каи Нишикори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА