Ѓоковиќ не мисли за пензија: Сакам да играм за Србија и на ОИ во Лос Анџелес

Новак Ѓоковиќ еуфорично го прослави златниот олимписки медал во Париз, а потоа се појави на прес-конференција со српско знаме на себе и најави дека добро ќе размисли да настапи за Србија и по четири години, на ОИ во Лос Анџелес.

Србинот на следните ОИ ќе има 41 година, но Новак не се откажува однапред од оваа желба, да го брани златото на американско тло.

„Екс-тренерот Вајда имаше изјавено дека ако не освојам злато во Париз, ќе играм во Лос Анџелес. Беше во право, тоа е доказ дека многу добро ме познава. Јас се уште сакам да играм во Лос Анџелес, тоа е вистината… уживам да играм за Србија, да бидам дел од олимпискиот тим. Секако дека постојат сомнежи, знам дека имам 37 години и никој не може да каже до кога ќе играм активно тенис, но верата секогаш ги победува сомнежите. Бев на теренот, славев златен медал, со српско знаме, српска химна… не постои поубаво чувство од тоа“, задоволно изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата.

Се вчитува...