Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, колку и да сака, не може да се сокрие од љубопитните очи на јавноста.
По освојувањето на својот 23-ти гренслем трофеј во Париз, Ѓоковиќ се одлучи да се одмори на островот Сао Мигел, кој е дел од португалските Азорски Острови, среде Атлантикот.
Најдобриот светски тенисер со сопругата Јелена од Париз со приватен авион се упатиле на одмор на португалскиот остров Сао Мигел или како што го нарекуваат „Рајот во срцето на Атлантикот“, и веднаш едно „селфи“ го откри како уживаат малото гратче на островот.
See it here first❣️
💙 @DjokerNole 🍍🇵🇹 pic.twitter.com/3zEAXcjlDb
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) June 14, 2023
Ова е краток одмор за Ѓоковиќ кого за три недели го очекува и настапот на Вимблдон во првата половина на јули.
Djokovic foi aos Açores fazer o quê? Já não há coca, homem…🤦♂️ pic.twitter.com/whQsCYA4NK
— João Nuno Gonçalo (@joaonunogoncalo) June 13, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА