Ѓоковиќ: Не очекувам многу од Монте Карло, затоа што се исцрпив во Мајами

Новак Ѓоковиќ пред настапот на АТП турнирот од Мастерс серијата во Монте Карло вели дека посакува да забележи нов успех и да се бори за трофејот, но искрено призна дека нема претерани очекувања.

Ѓоковиќ потенцираше дека има здравствени проблеми, а се чувствува и исцрпен по Мајами поради што не знае како ќе биде во Монте Карло.

„Искрено секогаш кога сум тука сакам да бидам успешен на овој турнир. Тука се чувствувам како дома и многу добро ги познавам условите на турнирот. Максимално сум мотивиран, но знам дека нема да биде лесно. Морам да признам дека очекувањата се помали во однос на другите турнири затоа што немав доволно време да се опоравам од турнирот во Мајами. Имам мали здравствени проблеми, се чувствувам исцрпен, но надевам дека ќе успеам да ја избалансирам формата и да бидам најдобар што можам“ – истакна Ѓоковиќ.

Се вчитува...