Ѓоковиќ не запира: Би било супер да го урнам и тој рекорд…

Новак Ѓоковиќ до пред една седмица беше критикуван со пораки дека е најдобро да замине во пензија, но работите експресно се променија откако Србинот стигна до титулата во Женева, негов јубилеен стоти трофеј во кариерата.

Тој не само што веќе не размислува за повлекување, туку пред себе постави нова цел – да го стигне Џими Конорс со 109 трофеи е најуспешен светски тенисер на сите времиња.

„Искрено, би завршил голема работа ако успеам да го урнам и тој рекорд. Конорс е некој кого искрено го почитувам и му се воодушевувам. Тој секогаш јавно ме поддржуваше и јас сум му крајно благодарен поради тоа. Би било феноменално ако стигнам до него“, изјави Ѓоковиќ.

Пред Конорс, Србинот ќе се обиде да го стигне Роџер Федерер со 103 титули во кариерата. Зад Новак на оваа ранг-листа се наоѓаат Иван Лендл со 94, Рафаел Надал со 92 титули…

Се вчитува...