Ѓоковиќ: Нека ме тестираат, само да не ме боцкаат

Новак Ѓоковиќ го поддржува строгиот допинг режим во тенисот и не му пречи да пријавува каде е за да биде тестиран. Смета дека ваквиот начин е ригорозен, но дека дава резултат и според него, тенисерите се меѓу најчистите спортисти. На овој начин вели Ѓоковиќ се штити интегритетот на тенисот.

„Немам ништо против и да ме тестираа по трипати годишно се додека тоа им го прават и на другите. Не ми пречи тестирањето да биде со примерок од крв, но преферирам тестирање преку урина, бидејќи се плашам од игли“  – вели Ѓоковиќ.

Според анти-допинг системот кој функционира во тенисот, спортистите се обврзани да пријавуваат каде се наоѓаат ако го напуштаат домот. Мораат и да прифатат тестирање ако контролорите ненајавено им се појават на врата.

 

 

 

 

Се вчитува...