„Ѓоковиќ нема да може да му се дере на Мареј, како со Иванишевиќ…“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го избра Енди Мареј за свој нов тренер низ подготовката за настапот на Австралија опен 2025.

Многумина уште сега се заинтересирани како ќе функционира нивната соработка, ако се знае дека Ѓоковиќ често демонстрираше изливи на нервоза кон претходниот свој тренер, Горан Иванишевиќ.

Дел од стручната тениска јавност смета дека Новак нема да може така да се однесува со Енди Мареј.

„Тоа ќе биде еден друг однос. Не верувам дека Новак ќе може така да му се дере на Енди. Долго играа еден против друг, но и многу се почитуваат еден со друг. Затоа и не верувам дека нивниот меѓусебн однос ќе биде таков како со претходните тренери“ – вели поранешната британска тенисерка, Лора Робсон.

Се вчитува...