Ѓоковиќ: Немам големи очекувања од турнирот во Мадрид

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема големи очекувања од претстојниот Мастерс во Мадрид.

Целите за следните неколку месеци се јасни, а тоа се настапите на двата гранд-слем турнири, Ролан Гарос и Вимблдон.

„Приоритет е да дојдам на Ролан Гарос и Вимблдон на врвот на мојата форма. Тоа се турнирите на кои сакам да играм што повеќе. Мојата форма во моментов не е онаму каде што јас и Енди сакаме да биде. Ако успеам да го достигнам посакуваното ниво овде, ќе биде феноменално. Немам големи очекувања и можам само да се надевам дека ќе ја пребродам првата пречка“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...