Најголемото тениско име во светската историја, Новак Ѓоковиќ не успеа да приреди и втора сензација на Австралија Опен откако го победи Јаник Синер во полуфинале, во финалето во Мелбурн доживувајќи пораз во четири сета од Карлос Алкараз.
Алкараз го освои, во второто финале, својот прв трофеј на Австралија Опен, со што се запиша како уште еден тенисер во историјата кој успеал да ги освои сите четири грендслем турнири.
А, Новак Ѓоковиќ извонредно го доби првиот сет на вчудоневиденост на сите во Мелбурн, тотално доминирајќи против најдобриот светски тенисер во моментов. Го доби Ѓоковиќ првиот сет со 6-2.
Novak's not giving in.
A BIG service hold levels it at 1-1 in the fourth set.@wwos • @espn • @tntsports • @wowowtennis • #AO26 pic.twitter.com/BHOuGhvOEo
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 1, 2026
Но, потоа следеше, возвраќање на Алкараз во следните два сета кои ги доби со 6-2 и 6-3.
Во четвртиот сет се играше максимално израмнето се до 5-5, а потоа Алкараз успеа да ги освои следните два гема за 7-5 и освоен трофеј!
Ова е вкупно седми грендслем трофеј за Карлос Алкараз, кој е 16 години помлад од Новак Ѓоковиќ кој, во секој случај, и во Мелбурн сега ја потврди својата тениска големина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

