Ѓоковиќ немоќен пред Руд за елиминација во полуфиналето во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ е елиминиран и во полуфиналето на АТП турнирот во Монте Карло. Српскиот тенисер загуби од Норвежанецот Каспер Руд во три сета.

Руд го доби првиот сет до 6-4, а откако Ѓоковиќ жестоко возврати во вториот сет добивајќи го со 1-6, се чинеше дека до крај ќе го скрши отпорот на норвешкиот тенисер.

Но, Руд поведе со 4-1 во третиот сет, Ѓоковиќ успеа да се врати на 4-4, за сепак Норвежанецот да ги добие следните два гема за добивање на третиот сет со 6-4 и конечна победа.

Руд во финалето во Монте Карло ќе игра со Циципас кој во првото полуфинале го елиминираше Јаник Синер.

Се вчитува...