Новак Ѓоковиќ паузираше еден месец од терените и се врати навреме за да настапи на турнирот во Катар, но српскиот тенисер беше шокиран уште во првото коло губејќи од Матео Беретини со 0-2 во сетови.
Веднаш се појавија шпекулации дека Ѓоковиќ поради повредата не бил во можност да го даде максимумот, но тениската легенда во изјавата по мечот ги отфрли ваквите гласини.
„Не сум повреден, ништо не ме болеше, само бев надигран. Има една и единствена причина за поразот – противникот одигра перфектен меч и треба да му се честита за тоа. Јас не бев на посакуваното ниво, не се движев онака како што би сакал, но тоа нема врска со повредата. Беретини беше подобар денеска и заслужи да победи“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

