Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објасни зошто не учествуваше на Мастерсот во Рим, туку се одлучи да настапи на турнирот во Женева, пред Ролан Гарос.
Ѓоковиќ ненадејно се повлече од Рим неколку дена пред почетокот на тој турнир, откако ги загуби двата меча во Монте Карло и Мадрид со максимални 2-0.
„Сакав да се сменам оваа година, иако навистина уживав во Рим и имав многу успеси и поддршка. Сакав да играм во Мадрид, бидејќи не играв таму некое време. Не чувствував дека можам да ги играм и двата турнира, иако претходно бев многу рано елиминиран во Мадрид. Едноставно во тој момент не почувствував дека можам да настапам и во Рим“, објасни Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

