Новак Ѓоковиќ ја има најлошата сезона по 19 години. Српскиот тенисер е без освоена титула за прв пат по 2005 година кога имаше 18 години.
Најдобриот тенисер на сите времиња не го крие разочарувањето, вели и дека очекувал нешто вакво, но и дека целта за 2024 година му е остварена – златен медал со Србија на Летните олимписки игри кои се одржаа во Париз.
„Во споредба со повеќето други години од мојата кариера, оваа сезона беше најлоша во однос на резултатите, но знаев дека тоа ќе се случи порано или подоцна. Се е во ред. Среќен сум што го освоив златниот медал на Олимписките игри, тоа беше мојата главна цел оваа година.
Секако дека би сакал да освојам уште една грен слем титула, но ситуацијата е таква каква што е. Ова е сезона што морам да ја прифатам и повеќе од среќен сум со постигнатото во кариерата“, вели Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА