Ѓоковиќ од амбис до победа над Музети, во меч во кој загуби само Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ  во трилер меч кој траеше четри и пол часа славеше над Италијанецот, Лоренцо Музети со 3-2 по сетови 7-5, 6-7, 2-6, 6-3 и 6-0 во меч кој заврши три часа по полноќ.

Првиот сет по голема борба го доби Србинот со 7-5. Иако и во вториот имаше предност од 4-1, Италијанецот успеа да се врати и да слави во тај-брејкот со 8-6 и да израмни на 1-1. Во третиот сет Mузети буквално го прегази Ѓоковиќ (6-2) и поведе со 2-1. Ѓоковиќ успеа да возврати во четвртиот сет (6-3) и да го одведе мечот во одлучувачкиот петти сет. Таму Ѓоковиќ го збриша својот противник (6-0) за ново осминафинале на Ролан Гарос.

Сепак, се беше во втор план поради срамниот распоред кој што го направија организаторите за денот број шест. Иако имаа проблеми со дождот во текот на целата недела, па така и на шестиот ден тие во последен момент се одлучија да го додадат и мечот меѓу Димитров и Бергз на централниот терен „Филип Шатрие“, па Ѓоковиќ и Музети мораа да го почнат својот натпревар место во 20 часот, некаде пред 23 часот.

Иако видоа дека Зверев и Грикспор ќе играат маратон и едноставно нема да има време за уште два меча на „Шатрие“ сепак не се одлучија Димитров и Бергз да ги префрлат на некој друг терен да го довршат својот меч бидејќи откако престана дождот имаше време да се одиграат сите натпревари на останатите терени.

Oва инаку беше и најдоцна завршениот натпревар во историјата на Ролан Гарос, откако претходно во 2020 година Надал и Синер завршијаво 1.34 часот.

Се вчитува...