Ѓоковиќ: Од Федерер и од Надал научив две важни лекции

Новак Ѓоковиќ цели 18 месеци се мачеше со повредите и со формата, но успеа да се врати во стариот ритам и во последните два месеци ги освои Вимблдон и Мастерсот во Синсинати. Пред почетокот на последниот гранслем во сезоната, УС Опен, Ѓоковиќ во Њујорк изјави дека им е благодарен на Роџер Федерер и на Рафаел Надал од кои научил две важни лекции што му помогнале да ја продолжи кариерата.

„Федерер секогаш на извонреден наќин го контрлира својот распоред. Многу научив од него во тој поглед, како да бирам одредени турнири во вистинско време за да играм најдобро кога е најпотребно, на најважните настапи“ – истакна српскиот тенисер.

Во последните неколку години, Федерер често ги прескокнуваше турнирите на земја за да биде физички подготвен за другите и со таа тактика и на 37 години одвојува гранслеми.

Надал пак е комплетна спротивност од Федерер. Тој вели дека не може да прескокнува турнири, но од него Ѓоковиќ научил една поинаква лекција.

Посветеноста на Надал на тренинзите и работата во слободните денови, неговиот дух кој никогаш не умира се нешто што е многу важно“ – истакнува Новак Ѓоковиќ.

Србинот е шести носител на УС Опен кој стартува во понеделник, но, според формата и предвидувањата, тој е еден од главните фаворити за титулата.

Се вчитува...