Ѓоковиќ од работ на амбисот до триумф над Симон

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е предалеку од посакуваната форма откако српскиот тенисер со многу проблеми успеа да го скрши отпорот на Жил Симон и да се пласира во третото коло од Мастерс-турнирот во Монте Карло. Иако против себе имаше ривал против кого има скор од 10-1 во меѓусебните дуели, Ѓоковиќ се соочи со сериозни проблеми, уште еднаш покажувајќи осцилации во играта поради кои има огромен резултатски во последната година.

Откако рутински го доби првиот сет со 6-3, Ѓоковиќ му дозволи на Симон да влезе во ритам, па францускиот тенисер возврати со иста мера, израмнувајќи на 1-1 (3-6). Французинот беше на работ на сензација откако два пати стигнуваше до брејк, најпрвин за водство од 3-2, а потоа и 5-4 во решавачкиот сет. Симон имаше сервис при 5-4, но Ѓоковиќ најпрвин направи рибрејк, а потоа и при 5-6 водство од 6-5 освои уште еден гејм за конечна победа.

Со тоа, Србинот не дозволи уште едно изненадување на почетокот од турнирот во Монте Карло, откако денеска пораз претрпе Цонга од Манарино.

Се вчитува...