Ѓоковиќ: Одам во Париз на ЛОИ да се борам за Србија

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше поразен од Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон. По мечот тој го прокоментира неговото можно учество на Олимписките игри во Париз.

Тој на прес-конференцијата се осврна на повеќе теми, а особено интересно беше прашањето поврзано со Олимписките игри во Париз.

„Се уште имам намера да играм во Париз и да се борам за медал за мојата земја. На сосема друга подлога, каде што се повредив. Ќе видиме како ќе се чувствувам психички и физички. Се надевам дека ќе го најдам најдоброто од себе тенис ќе ми треба повеќе од тоа“, вели Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...