Ѓоковиќ: Одиме Вимблдон! (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи пред настапот на Вимблдон. Тој денеска го доби ривалот за третиот гранд-слем сезонава, а на стартот од турнирот ќе игра против квалификантот од Чешка, Вито Коприва.

Подоцна на турнирот би можел да има дуел со подобриот од пресметката Ферли/Моро Канас, а во третото коло за противник најверојатно ќе го има Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.

„Одиме Вимблдон! Нема многу подобри чувства од играњето на централниот терен“, рече Ѓоковиќ во видеото на Инстаграм.

Се вчитува...