Ѓоковиќ остана без 4.5 милиони долари поради властите во САД

Асоцијацијата на професионални тенисери го објави приходот на тенисерите од бонуси за натпреварувачката 2023 година, а изненадувачки без истиот остана Новак Ѓоковиќ. Причината за тоа е недоволниот број на настапи на Мастерс турнири па и покрај тоа што Србинот освои три грен-слема нема да добие милионска сума.

Причината се должи на тоа што на Србинот не можеше да настапи на Индијан Велс и Мајами Опен поради забранет влез во Соединетите американски држави за невакцинирани лица, а го пропушти и настапот во Мадрид поради повреда.

Ѓоковиќ во натпреварувачката 2023 година заработи речиси 16 милиони долари со што ја предводи листата на тенисери со најголема заработка пред Алкараз, Медведев, Синер, Рубљов, Зверев…, но нема да добие ниту долар од предвидениот бонус од 4.5 милиони долари.

Се вчитува...