Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ заработи повреда на првиот грен-слем турнир во сезоната. Србинот мораше да се повлече на полуфиналниот натпревар на Австралија Опен против Александер Зврев.
Рехабилитацијата на Србинот се одвива во Црна Гора, а како што откри за тамошните медиуми истата е веќе надмината и тој има „зелено светло“ од медицинскиот тим за подготовки за следниот предизвик.
„Немам повеќе пукнатина во мускулот, повредата е речиси 100 отсто санирана и подготвен сум за нови победи. Имам зелено свело од медицинскиот тим дека можам да тренирам, можам да се подготвувам. Турнирот во Доха е на распоредот за седум дена, така да се држам за распоредот. Фала му на Бога што успев брзо да се рехабилитирам“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

