Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откри дека ќе игра и на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес.
На Светскиот спортски самит во Дубаи, Ѓоковиќ истакна дека Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се негова главна цел, покрај евентуалното освојување на 25. гран слем трофеј:
„Ќе играм на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Тие ЛОИ се ѕвезда водилка за мене. Нема ограничувања. Сакам да се натпреварувам сè додека се чувствувам добро, сè додека моето тело може да го поднесе тоа и додека играм на високо ниво – зошто да не?“, рече Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

