Ѓоковиќ откри: „Можеби уште година или две….“ (ВИДЕО)

Откако се пласираше во третото коло на Австралија опен, по победата во три сета над Италијанецот Франческо Маестрали, во разговор за ЕСПН, Новак Ѓоковиќ го анализираше наследството на неговата генерација во тенисот и откри уште колку долго би можел да биде со професионалниот тенис.

„Мислам дека Монфис, Вавринка и сите тие играчи оставија многу, многу големо наследство како играчи, но можеби уште повеќе како луѓе. И двајцата се многу фини во соблекувалната, имаме многу пријатели и имам голема почит кон нив. Очигледно, имавме неверојатни битки во текот на нашите кариери“, рече Ѓоковиќ.

„Монфис е една година постар од мене, Вавринка е две. Значи, мислам дека имам уште барем една или две години и јас се уште да бидам на терените. Може да искажам само големи честитки за нивните кариери и сè што претставуваат“, рече Ѓоковиќ со насмевка.

Во третото коло на Австралија Опен, Ѓоковиќ ќе се сретне со Ботик ван де Зандшулп, кој го победи Јунченг Шанг.

Се вчитува...