Многу интересни прашања му беа поставени на Новак Ѓоковиќ во интервјуто на Пирс Морган. Едно од нив беше – како би сакал да биде запаметен.
Србинот на ова прашање даде интересен одговор, кажувајќи што би сакал да му пишува на надгробната плоча.
Би сакал на мојата надгробна плоча да пишува „човекот кој допре до срцата на луѓето“. Тоа ми е навистина важно. Сакам да бидам запаметен како некој кој секогаш играл фер и кој секогаш го давал најдоброто од себе. Овој спорт ми донесе гордост, но хуманоста и сочувството се вредностите што сакам да ги оставам зад себе“, откри Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

