Ѓоковиќ откри што си кажал на себе на негатива од 0-2 против Синер

Српскиот тенисер се пласираше во ново полуфинале на Вимблдон откако вчера во неверојатно интересниот четвртфинален меч славеше над Италијанецот, Јаник Синер по пресврт со 3-2.

Србинот имаше негатива од 0-2 во сетови по што направи пауза и замина во соблекувална, а по мечот откри што си кажал сам на себе директно во огледало.

„Можеш да го направиш тоа. Верувај во себе. Сега е време. Заборави на она што се случи. Почнува нов натпревар. Одиме мајсторе“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...