Ѓоковиќ откри зошто не присуствуваше на прошталниот натпревар на Надал

Новак Ѓоковиќ требаше да присуствува на збогувањето на Рафаел Надал, но поразот на Шпанија во четвртфиналето на Дејвис купот ги изненади сите, па и самите организатори.

Долго време потоа се зборуваше дека збогувањето е недостојно за кариерата на еден од најголемите тенисери на сите времиња, а дека можело подобро се согласува и Ѓоковиќ.

„Не знам точно како планираа да ја направат церемонијата, но знам дека тоа беше план по полуфиналето, доколку Шпанија стигне до него. Мареј и јас планиравме да бидеме таму. Поради распоредот не можевме да се организираме за четвртфиналето, но планиравме да стигнеме за полуфиналето. Па, испадна така, за жал, и што да се прави. Ја видов снимката… Не знам, не знам дали Рафа сакаше да не се направи ништо преголемо, бидејќи не сакаше да им прави проблеми на другите репрезентации и натпревари. Искрено не знам, јас сум виновен што не бев таму“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...